ТЕРА

REKLAMA???

ПОСЛЕ СНЕГОТ, СОНЦЕ КАЈ НИЖЕПОЛЕ

„После снегот, сонце, топол чај, чист воздух и убав викенд“ ова е викенд пораката од ски-терените на Стрежево кај Нижеполе, каде заврна снег.

За денеска метеоролозите прогозираат слаб снег само во североисточните делови на државата.

И утре ќе се задржи студено, а особено претпладне ќе дува засилен северен ветер. Во понеделник ќе преовладува сончево време со студено утро, а дневната температура ќе се зголеми. Потоа од вторник следува период на претежно облачно време, од крајот на денот со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда.