На четиригодишнината од смртта на моќниот ирански генерал Касем Сулејмани, во неговиот роден град Керман во две експлозии во временско растојание од десетина минути загинале најмалку 103 луѓе, додека преку 210 се ранети, како што јавува државната новинска агенција Ирна, повикувајќи се на извори од службата за итна помош во градот, објави Дојче Веле.
Претходно веста гласеше дека има 50 загинати и повеќе од 70 ранети.
Вицегувернерот на Керман изјавил дека станува збор за терористички напад, како што извести државната телевизија Ириб. Бомбите биле депонирани во торби и веројатно активирани со далечински управувач.
Во директниот пренос вршен од страна на државната телевизија се слушале силни експлозии и врисоци.











