ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕТПРАЗНИЧНА ПОСЕТА НА БИТОЛА

Во Битола по повод божиќните празници, посета на Хосписот Сју Рајдер, Здружението на психолози за стручна и морална поддршка на деца и возрасни „Рилука” и Центарот за поддршка на социјално загрозени групи на жени, имаше претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга.

„Во Хосписот Сју Рајдер поразговаравме со наши повозрасни граѓани и стручниот кадар посакувајќи им добро здравје. Во здружението „Рилука“ се запознавме со индивидуалните и социјалните часови кои се дел од активностите за децата со попреченост, додека во Центарот за поддршка на социјално загрозени групи на жени дознавме повеќе за иницијативата за заживување на битолската чаршија преку гастрономски настани, издавање на книга готвач и поетски дела од жените членки на нивните организации“ соопшти претседателот Пендаровски.