ТЕРА

REKLAMA???

ПРОДОЛЖЕНА ВАЖНОСТА НА ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ СО „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

Собранието попладнево, со 90 гласа „за“, ниту еден против и воздржан, во рамки на 144. седница, по скратена постапка го донесе Законот за измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата според кој, возачките дозволи со „Република Македонија“ ќе важат до крајот на годината.

Согласно измените, рокот за вадење нови возачки со ознаката „Република Северна Македонија“ наместо до вечерва на полноќ, се продолжува до 31 декември 2024.

Претпладнево од СДСМ рекоа дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог за законски измени со кои возачките дозволи, сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста. Со измени на законите граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата.

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски на денешната прес-конференција прее Собранието соопшти дека утрово до Владата поднел законски измени на Предлог на законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог на законот за изменување на Законот за патни исправи на државјаните, по скратена постапка. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ овие законски измени утрово ги поднесе до архивата на Собранието и барање за свикување на итна седница за оваа прашање со потписи од 20 пратеници.