Продолжува асфалтирањето на улици во Прилеп. Деновиве се работи во населбата „Гоце Делчев“.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески вели дека остануваат фокусирани на развој и уредување на инфраструктурата во Општина Прилеп.

„За прв пат после 40-на години неколку улици и краци во населбата Гоце Делчев ќе добијат нов асфалт. Си стоиме на зборот и секојдневно го реализираме ветеното, значително ја подобруваме патната мрежа во нашата општина. Посветени за нашиот Прилеп“ вели прилепскиот градоначалник.




















