Утрово -1 степен на Попова Шапка, 0 Лазарополе, 1 Маврови Анови, Крушево, 2 Битола, Претор, 4 Охрид, 5 Берово, Крива Паланка, 6 Прилеп, 7 Тетово, Виница, 8 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Кавадарци, Скопје-Петровец, Гевгелија, Демир Капија, Штип, 9 Велес.
Најмногу дожд 25 л/м2 наврнаа во Гевгелија, Пожар, 22 Демир Капија, 21 Дојран, Ѓуриште, 15 Струмица, 14 Велес, 12 Кавадарци, 10 Куманово, 8 Попова Шапка, 7 Штип, 6 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Берово, 5 Скопје-Петровец, Виница, Прилеп, 2 Дебар, Тетово, Пожаране, 1 Тополчани.
Во текот на на ноќта времето беше претежно облачно и тивко со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови од земјата. Изутринава е променливо облачно со локален слаб дожд.
Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени. Во Битола до 15 степени.











