ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 10 СТЕПЕНИ

Утрово -3 стеепни во Берово, -2 Тетово, Штип, Струмица, -1 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Битола, Демир Капија, Кавадарци, 0 Куманово, Велес, 1 Лазарополе, Виница, 2 Охрид, Дебар, Прилеп, Гевгелија, 3 Претор, Попова Шапка, 4 Маврови Анови, Крушево.

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно, по одделни котлини има појава на магла. Дуваше слаб, наместа умерен ветер од јужен правец.

Денеска променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени. Во Битола до 10 степени.