ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ПОВРЕМЕН ДОЖД

Утрово -1 степен на Попова Шапка, 0 Лазарополе, 3 Маврови Анови, 4 Крушево, 6 Охрид, Берово, Претор, Крива Паланка, 7 Битола, Дебар, 8 Тетово, Прилеп, 9 Куманово, Штип, Виница, 10 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Кавадарци, Струмица, Демир Капија Дојран, 11 Гевгелија, 12 Велес.

Најмногу дожд 7 л/м2 наврнаа во Претор, 3 Охрид, 2 Попова Шапка, Маврови Анови, Крушево, Лазарополе, Дебар, 1 Крива Паланка, Прилеп, Пожаране, Тополчани.

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно, наместа со слаб ветер од променлив правец. Утрово е претежно облачно со локални врнежи од дожд.

Денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи.  Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени. Во Битола до 14 степени.