Променливо облачно со сончеви периоди, во Битола до 30 степени

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови во западните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен западен ветер.

Дневните температури од 18 до 33 степени, во Битола до 30.

Денес ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде повремено ќе биде силен и ќе надминува 70 км/час. Попладне брзината на ветерот постепено ќе се намалува.

Утре сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Сподели