Клиничката болница Битола се вклучува во одбележувањето на Розов октомври – месецот за борба против рак на дојка!
Битолските доктори во мисија да ја подигнат јавната свест и за други болести кои се опасност за женското здравје!
На Гинеколошко – акушерското одделение при Клиничката болница Битола в петок, на 21 октомври, во периодот од 15 до 20 часот, прегледите и консултациите на пациентки во менопауза ќе бидат бесплатни. Целта е да се подигне свеста кај пациентките и да им се објасни се што би сакале да знаат во врска со оваа состојба, да добијат совети или да се насочат кон дополнителни иследувања или терапија.
Следната недела, пак, в среда (26 октомври), в четврток (27 октомври) и в петок (28 октомври) на Рендген во Клиничката болница Битола ќе се вршат бесплатни мамографски прегледи, во терминот од 11 до 13 часот.
Комисијата за здравство на СДСМ Битола ги повикува сите битолчанки да ја искористат можноста и бесплатно да ги направат прегледите што ги овозможува Клиничката болница Битола, бидејќи најдобриот лек е превенцијата.












