Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски во емисијата Директно на Тера телевизија вели дека во петтата изборна единица, каде што е и Битола и Охрид и Кичево, патната инфраструктура е во катастрофална состојба. Тој прашува што владата во изминатите неколку години направила за овој регион?
„Кога доаѓате за Битола ќе наидете на една катастрофална лоша инфраструктура од Кичево за Битола, а Битола бидејќи е значајна, таа е центар на овој југозападен дел на Македонија, Битола е влезот за Грција“ вели Сајкоски.
Тој вети дека, како што вели, новата влада на ВМРО ДПМНЕ ќе ја направи обиколницата околу градот, со што ќе се растовари сообраќајот.
Го прашавме кој ќе биде носител на изборната едницата пет и зошто за во сите изборни единици беа соопштени имињата на носители, но не и за петтата.












