Предновогодишното украсување на градот продолжи и кај градскиот часовник. Како што веќе информиравме украсувањето започна од Старата битолска чаршија, сега кај Саат кулата, претходно и на плоштадот Магнолија, низ Широк сокак, се до Офицерскиот дом, каде што е поставена новогодишната елка.

Годинава општината акцентот го става на Старата чаршија како место каде се има желба да се врати раздвиженоста.

Сепак главната прослава ќе биде кај Офицерскиот дом, а на дочекот на Новата година, годинава нема да има огнот.

Ланската година имаше огномет, но заради маглата вечерта на 31 декември, само го слушавме звукот.














