ТЕРА

REKLAMA???

СДСМ: БОЈКОТОТ НА МАРКЕТИТЕ Е БУНТ НА ГРАЃАНИТЕ ПРОТИВ ПОЛИТИКИТЕ НА ВЛАСТА

Бојкотот на граѓаните, кон маркетите е израз на нивниот бунт кон неуспешните пропаднати политики на владата и нивната катастрофа во однос на животниот стандард, в ели заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска.

„СДСМ ги охрабрува граѓаните во нивните напори да застанат сами на патот на тоа што Владата и премерот Мицковски требаше да го направат. Наместо со лажен ПР за тоа дека имаат мерки со којшто ги намалуваат цените, нам ни се случи практично да граѓаните од ден на ден стануваат посиромашни, а маркетите, се прашуваме дури и дали да не се во досулх со владата и премиерот и ги креваат цените. Стоиме на стрната на храброста на граѓаните да го изразат својот револт и бес против политиките на владата, односно неспроведување на политики од страната на владата, што значат и нивно понатамошно осиромашување.

Ние неколку пати досега, апелиравме и баравме да владата превеземе нешто во зголемување на животниот стандард на граѓаните, и во тој контекст, од овде денес сакам да порачам, дека ги потсетуваме, и оние во власта и оние во парламентот, да се фокусираат на идеите на СДСМ, поврзани со зголемување на квалитет за живот на граѓаните, и особено да земат предвид дека мора да ја покачат минималната плата.“ рече Каранфилова Пановска.