Нема поголема потврда за успешноста на економските политики на СДСМ во тешки услови на глобална економска и енергетска криза од прес конференцијата на Мицкоски, каде се пофали со резултатите на економските политики на СДСМ во изминатите години, за што му благодариме, стои во партиското соопштение на СДСМ.
„Политиките на СДСМ успешно одговорија на глобалните предизвици, ги зачуваа работните места и стандардот на граѓаните, ја намалија растечката инфлација, додека платите и пензиите растеа.
СДСМ врати над 2,6 милијарди евра назад кај граѓаните со 9 пакети економска помош за граѓаните но и за компаниите во време на тешка криза.
Инфлацијата ја намаливме на ниво пред кризата а платите ги зголемивме на историски највисоко ниво.
Затоа и минатата 2023 година македонскиот БДП имаше реален раст од 2,1% иако економски беше далеку потешка и посложена.
Истото се однесува и во однос на директните странски инвестиции кои оваа година се рекорни поради успешните политики на СДСМ, 99% се започнати во време на СДСМ а сега само се реализираат“ велат од СДСМ.












