Летното сметање на времето започнува в недела, на 31.03 со тоа што часовникот се поместува еден час нанапред, односно 02:00 часот ќе се смета за 03:00.
Летното сметање на времето беше воведено со цел да се заштеди енергија, а и денот да трае подолго. Предлогот да се поместат стрелките на часовникот беше, за прв пат, и ако на шега, предложено до американскиот научник и политичар Бенџамин Френклин уште во 1784 година.
Всушност неговиот предлог не беше да се поместат сказалките на часовникот, туку во писмо до уредникот на Журналот на Париз, со наслов „Економски проект за намалување на цената на светлината“ тој сугерираше дека Парижаните можат да заштедат на свеќи – ако се разбудат порано.

Имено, во 1895 година, новозеландскиот научник Џорџ Вернон Хадсон предложил времето на часовникот да се помести 2 часа напред во октомври и 2 часа назад во март. Иако постоеше интерес за неговата идеја, таа никогаш не беше реализирана.
Британецот Вилијам Вилет, во 1905 година, предложи времето на часовниците да се поместува по 20 минути нанапред од четирите недели во април, и сказалките повторно да се поместат назад за 20 минути секоја од четирите недели во септември.
Во книгата „Загубата на дневната светлина напишана во 1907 година, Вилет подетално ја објаснил потребата од воведување на летно сметање на времето.
„Сонцето сјае на Земјата по неколку часа секој ден додека спиеме“ и во парламентот се заложи за воведување на оваа промена бидејќи луѓето подолго ќе уживаат во сончевата светлина, но и значително ќе заштедат на енергија за осветлување.
Идејата на Френклин за летно сметање на времето беше преуредена за потребите на индустрискиот свет, а за првпат ваква промена била забележана во 1916 година во државите на северот на Европа. Сега летното сметање на времето се практикува во 70 земји во светот, но не во ист ден.
Владата на Македонија, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2024 година.

Освен што денес се поместуваат стрелките на часовникот со тоа што во 02:00 часот по полноќ ќе биде 03:00, не очекува и уште една временска промена. И поркај поројните врнежи, промени на темепратурата и снеговите на повисоките места во непредвидливиот месец март, пролетта ја започнавме со сонце.

Температурата во наредните неколку денови, во Македонија ќе порасне до 28 степени, а ќе дува умерен, во југозападните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.











