Во градскиот парк во Битола денеска се одржа Eсенскиот атлетски крос .Се одржува традиционално секоја година во рамките на Федерацијата на училишен спорт -Македонија и Општинскиот сојуз на училишен спорт во Битола, а под покровителство на Општина Битола. На кросот учествуваа ученици од основните и средните училишта од Општина Битола.
Општинскиот сојуз на училишен спорт од Битола го организираше есенскиот атлетски крос во соработка со Центарот за јавно здравје и Црвениот крст од Битола.