Во организација на Шаховскиот клуб ШАХ-ШЕХ – Битола и Вавилон се одржа меѓународен отворен турнир во забрзан шах.
На турнирот учествуваа 135 играчи од 4 земји со игра на високо ниво. Со 7.5/9 освоени поени завршија четворица, но Бухолц системот го одлучи следниов редослед:
1-во место: ИМ Филип Панчевски
2-ро место: ВМ Звонко Станојоски
3-то место: Андреј Вељаноски
4-то место: ФМ Дејан Динев
Од клубот велат дека особено радува интересот и посетеноста од најмладите, па се надеваат дека настани од ваков тип ќе станат традиција и ќе ги има во што поголем број.












