ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ПРЕДЛОЖИ ЗИМСКАТА СЕЗОНА ЗА УГОСТИТЕЛИТЕ ДА ЗАПОЧНЕ ОД 1 НОЕМВРИ

На седницата на Комисијата за јавни и комунални дејности се најде и 12-тата измената на програмата каде во точка 7 се однесува за тераси со или без настрешници која се однесува на периодот од 15.11.2022 до 15.04.2023.

Советникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски рече дека има и барање од здружението на угостителите и предложи комисијата да се согласи со оглед на временските услови дека веќе заладува, дека е коректно да им се дозволи на угостителите да ја започнат зимската сезона од 1 ноември, со едно ограничување кога ќе се одржува традиционалната атлетска трка, во дел од Широк Сокак, односно првата делница.

Следната недела е седницата на Советот на општина Битола.