Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера на 13.10.2022 година регистрираше земјотрес 135 км југо-источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Гевгелија – Гуменџа.
Според податоците со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 23 часот и 56 минути со Рихтерова локална магнитуда 2.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот беше почувствуван од населението во Богданци, Гевгелија и околината.












