ТЕРА

REKLAMA???

СОВЕТНИЦИТЕ ДЕНЕСКА НА ПРВА СЕДНИЦА ВО НОВАТА ГОДИНА

40 точки од денешната 36-та седница на Советот на Општина Битола се за урбанистичко-планска документација за Раштани, Нижеполе, Крклино, Кравари, Олевени, Драгош, Крстоар, Битола, Бистрица, Буково, Ротино, Долно Оризари, Логоварди, Трново, Габалавци, Карамани, Поешево, Дихово и Цапари.

Останатите 11 точка од дневниот ред се однесуваат меѓу другото и на определување на висината на благајничкиот максиумум,  продолжување на воспоставената меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Битола и Општина Новаци, исто и со Могила, потоа одлука за одредување на просечна цена за утврдување на пазарната вредност на градежното земјиште, oдлука за одредување на просечна цена за утврдување на пазарната вредност на земјоделско земјиште, шумите и пасиштата за календарската 2024 година.

Пред советниците ќе се најде и одлуката за изведување на градба – поставување на биста на првоборец Пецо Гудовски.

Пред советнциите ќе се најде и решението за именување на членови во заедничката комисија за  подготовка на предлог актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Битола и Општина Демир Хисар.