Утрово 0 степени во Берово, 3 Скопје-Петровец, Охрид, Попова Шапка, 4 Крива Паланка, Струмица, Демир Капија, Тетово, Маврови Анови, 5 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Велес, Крушево, Дебар, 6 Битола, Гевгелија, Штип, Куманово, 7 Кавадарци, Дојран, 8 Виница.
Во текот на ноќта времето беше ведро со мала до умерена локална облачност. Наместа дуваше слаб ветер од јужен правец. Изутринава е насекаде сончево. Дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени. Во Битола до 22 степени.











