ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 7 СТЕПЕНИ

Утрово -11 степени во Берово, -9 Скопје-Петровец, Маврови Анови, -8 Битола, -7 Крива Паланка, Тетово, Штип, Демир Капија, Струмица, -6 Претор, Прилеп, Крушево, -5 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Дебар, Попова Шапка, -4 Виница, Кавадарци, Велес, Куманово, Гевгелија, -2 Дојран.

Во текот на ноќта ведро, утрово е сончево и студено. Дува слаб ветер претежно од северен правец.

Времето денеска сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени. Во Битола до 7 степени.