ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО ВРЕМЕ СО МАЛА ОБЛАЧНОСТ И СЕВЕРЕН ВЕТЕР

Утрово 3 степени во Берово, 5 Лазарополе, 8 Маврови Анови, 9 Крива Паланка, 11 Битола, Струмица, Крушево, 12 Охрид, Претор, Штип, Демир Капија, 13 Виница, 14 Прилеп, Куманово, 15 Кавадарци, 16 Скопје-Петровец, 17 Скопје-Зајчев Рид, Велес, 18 Дојран, 19 Гевгелија.

Во текот на ноќта имаше мала до умерена облачност и дуваше слаб до умерен северен ветер, особено во горниот дел на Повардарието.

Утрово е променливо облачно и ветровито, на повеќе места со умерен северен ветер.

Сончево со мала, а во западните и северните делови со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието (каде на места ќе има брзина и над 60 км/час).

Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени. Во Битола до 25 степени.