Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. По котлините со појава на магла, која во текот на денот ќе се намалува. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми, а по котлините ќе биде магливо.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Утринската во Битола околу -2, а дневната до 11 степени.
Продолжува периодот на релативно топло време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и пониски дневни температури. Во вторник и среда ќе има повремен локален дожд, а ќе дува и слаб, во западните делови умерен ветер од југозападен правец.











