ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО ВРЕМЕ СО МАЛА ОБЛАЧНОСТ

Утрово -6 степени во Берово, -4 Попова Шапка, -2 Крива Паланка, Струмица, Маврови Анови, -1 Штип, 0 Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија, Крушево, 1 Битола, Виница, 2 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Охрид, Гевгелија, Куманово, Претор, 3 Кавадарци, Велес.

Во текот на ноќта во поголем дел од земјава времето беше ведро, а во централните делови повремено имаше зголемено наоблачување. Изутринава е сончево со мала до умерена облачност. Во некои од повисоките места дува слаб ветер претежно од североисточен правец.

Денеска сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од југоисточните делови, облачноста ќе се зголемува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени. Во Битола до 13 степени.