Утрово 5 степени во Берово, Лазарополе, 6 Попова Шапка, 8 Крива Паланка, 9 Маврови Анови, Охрид, Претор, Битола, Крушево, 10 Виница, 11 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Прилеп, Штип, Струмица, Куманово, 12 Демир Капија, Дојран, Велес, 13 Гевгелија, 14 Кавадарци.
12 л/м2 наврна дожд во Демир Капија, 7 Гевгелија, 4 Тетово, Битола, 3 Крива Паланка, Дојран, 2 Попова Шапка, 1 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Виница.
Во текот на ноќта времето беше променливо облачно со слаб локален дожд. Утрово е сончево со мала до умерена облачност. Дува слаб ветер од северозападен правец.
Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне, особено во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени. Во Битола до 24 степени.












