ТЕРА

REKLAMA???

СО АНГЕЛЕВСКА НА ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Денеска, 5 мај, е Денот на македонскиот јазик! На денешен ден, во 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална  Македонија, била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, тогашното Министерство за просвета го озакони првиот Правопис на македонскиот јазик. По седумдесет и четири години, со Одлука на Владата на Република Македонија, 5 мај е прогласен за Ден на македонската азбука и на македонскиот јазик. За Анита Ангелевска, која е доктор на филолошки науки, ваквите датуми се многу значајни и важни и се одличен  повод да се потсетиме, но и да истражуваме. Инспирација вели  не треба да недостига кога имаме се и само треба да го именуваме.

„Ваквите датуми се многу значајни и важни заради тоа што треба да ги користиме за неколку аспекти. За инспирација, како поттик, да ги користиме како храброст да влегуваме што повеќе во научни истражувања и теми, бидејќи нештата ги имаме и ги поседуваме како факти и сознанија, но сето тоа треба да биде добро проучено, да биде добро систематизирано, добро именувано и да биде обзнането“, вели Ангелевска.

Како да го одбраниме македонскиот јазик од обидите за негово негирање?

„Ако сето ова кое го зборував на почетокот за традицијата од 10, 11 и 13 век, за традицијата која ја имаме и е именувана од научници кишто се релевантни во оваа област дека Св.Кирил и Медодиј и Св.Климент Охридски и се носители на писменоста во целиот словенски простор, тогаш само проучувањето, пласирањето на потврдени научни факти, именувањето вистински онака како што стојат работите, е одбраната од негирањето и одговорот кон сите „добронамерници“, рече Ангелевска.

Таа вели дека дигиталните форми треба да се користат за едукација и заштита на македонскиот јазик, а не за ширење лажни вести и користење на странизми во говорот.