Утрово -3 степени во Скопје-Петровец, -2 Струмица, -1 Скопје-Зајчев Рид 0 Тетово, Гевгелија, 1 Крива Паланка, Берово, Маврови Анови, Куманово, Велес, 2 Демир Капија, Штип, Крушево, Битола, 4 Виница, Претор, 5 Дебар, 6 Охрид.
Најмногу дожд 10 л/м2 наврнаа во Дебар, 9 Лазарополе, 7 Маврови Анови, 5 Охрид, 4 Претор, 2 Крива Паланка,Крушево, Тетово, 1 Берово, Битола.
Времето денеска променливо облачно, претпладне во западните и северните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени. Во Битола до 6 степени.











