ТЕРА

REKLAMA???

СПОРТСКИОТ КОМПЛЕКС СО 5000 ГЛЕДАЧИ ВО НОВА БИТОЛА

Темата со мултифункционалниот спортски комплекс е актуелна. Долго време беше присутна во политичките агенди. Сега едни советници велат локација нема, други кажуваат дека има. Адемоски нема информација каде ќе се гради.

„Беше презентиран пред две години со идејно решение. Се сликаа советниците на ВМРО ДПМНЕ со идејните решенија, дури и одбраа идејно решение, локација немаа. Во моментот повторно немаат локација. Се шпекулира на одредени локации, но сетоа тоа е на ниво на шпекулации. Затоа ние шпекулации не можеме да поддржиме“ вели советникот од Поинаку, Алмир Адемоски.

Бојкоски вели дека таквиот спортски комплекс е ветување на ВМРО ДПМНЕ и ја кажа локацијата.

„Ќе отпочне да се прави основниот проект, изработен е нов детален урбанистички план кој треба во текот на годината која што доаѓа да биде презентиран пред јавноста. Тоа ќе биде нов детален план во делот на Нова Битола кај зградите Ремо и таму точно е предвидена локацијата каде ќе биде тој мултифункционален спортски компекс“ вели советникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.

Зборуваше и за капацитетот, како и придружните објекти.

„Ќе собира 5000 гледачи, ќе има две нивоа за паркирање, 340 паркинг места. Се разбира дека во тој детален план не е само спортскиот комплекс има и други придружни содржини, со кои што треба да се направи една нова населба во градот“ рече Бојкоски.

Кога се носеше развојната програма на општината за 2025-2027 година за мултифункционалниот спортски комплекс како капитален проект беа планирани над 2 милијарди денари.

Со амандманската расправа проекциите се променија, а што беше најверојатно политички договор како да не се направи проблем со неизгласување на програмите кои се дел од планирањето на буџетот за следната година. Или некои ќе речат се согласија како и до сега.