Судијата Александар Камбовски вчера беше избран за нов член на Судскиот совет на Македонија од битолското апелациско подрачје.
Камбовски е судија во битолскиот Апелациски суд од 2017 година, откако од 2010 година служеше како основен судија во Основен суд Битола. Дел е од втората генерација на судии и обвинители од Академијата за судии и обвинители каде што во последните години е дел од листата обучувачи.
Правен факултет завршил во Скопје, на кривична материја. И во Основениот и во Апелацискиот суд во Битола работи на кривична материја.
Судскиот совет е составен од 15 членови, Камбовски е дел од 8-те што доаѓаат од редовите на судовите, а се бираат на непосредни избори. Судиите во Битола, Охрид, Прилеп,Струга, Ресен, Демјир Хисар, Крушево вчера ги спроведоа изборите на кои имаше три кандидат, а Камбовски победи со убедливо мнозинство гласови од 43-та судии кои имале право на глас.
На позицијата член на Судски совет доаѓа од позицијата в.д претседател на Апелациски суд Битола.












