Дополнителниот заменик министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, на вчерашниот прв работен ден беше на средба со земјоделци од Општина Могила.

„Денот го завршивме во Добрушево, општина Могила, каде што остварив средба со земјоделците од овој крај и поразговараме за актуелните состојби и проблеми со кои се соочуваат.
Во овој регион преовладува производството на тутун и житните култури, и за двете гранки можеме да кажеме дека 2023-та беше катастрофална година, година во која житните култури имаа нерентабилна откупна цена, додека пак откупот на тутун е сѐ уште во во тек, но и тој се движи во катастрофална насока.

ВМРО-ДПМНЕ има јасен и прецизен план и програма како македонското земјоделство да го вратиме на вистинкиот пат и да го вратиме достоинството на македонскиот земјоделец“ напиша Трипуновски на својот Фејзбук профил.












