ТЕРА

REKLAMA???

УСТАВЕН СУД, КОНСУЛТАЦИЈА СО ЕКСПЕРТИ ПРЕД ДА ОДЛУЧУВА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ

Уставниот суд треба да одлучува за уставнота на Законот за употреба на јазиците, по иницијативите во однос на Указот за негово прогласување, на Законот во целина, како и одделно сите 25 членови на законот.

Откако во 2019, кога стапи на сила, законот беше оспорен со 12 иницијативи пред Уставниот суд.

Уставните судии ги споија во еден предмет кој е на дневен ред наденешната седница. Еден од аспектите што се оспорува своевремено предизвика реакции и од меѓународната заедница и од Венецијанската комисија, е примената на законот во правосудните постапки.

Венецијанската комисија во 2019 забележува и дека Законот за јазици не е прецизен кои одредби важат само за албанскиот јазик, а кои, исто така, и за другите јазици на заедниците.

Опозиционата албанска партија ДУИ и партиите кои се дел од Европскиот фронт во пресрет на расправата започна со „стража за јазикот“ со деноноќно присуство пред Уставниот суд, со што велат, застануваат во „одбрана на Законот за јазици“.

Од ДУИ претходнио соопштија дека доколку Уставниот суд одлучи да ги укине оспорените одредби од Законот за употреба на јазиците, „последиците ќе бидат непоправливи“.

Високи функционери на „Европски фронт“ предводен од ДУИ, пратеници, членови и приврзаници од партиите на коалицијата од утринава се собираа пред зградата на Уставниот суд во пресрет на седницата, јавува Радио Слободна Европа. 

Фото: МИА