ТЕРА

REKLAMA???

УТРЕ ИНАУГУРАЦИЈАТА НА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ПРВАТА ЖЕНА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Државната изборна комисија  (ДИК) денеска издаде Уверение за избран Претседател на Република Северна Македонија, на Гордана Силјановска- Давкова, откако на седница ги објави конечните резултати од Претседателски избори одржани на 24 април и 8 мај годинава.

Уверението на Силјановска- Давкова и го врачи претседателот на ДИК Александар Даштевски и во име на Комисијата посака успешен мандат.

„Благодарност до членовите на Државната изборна комисија. Им го кажав она коешто го чув и од набљудувачката мисија на ОБСЕ и на пратениците од Парламентарното Собрание на Совет на Европа, дека се задоволни од нивната работа, дека имало инциденти, меѓутоа и во поглед на роковите и во поглед на постапувањето дека Државната изборна комисија ја спровела работата согласно законот“ рече Силјановска-Давкова.

Новоизбраната претседателка на државата утре напладне ќе даде свечена изјава на инаугуративна седница во Собранието.