Од утре се очекува да започне поставувањето на професионалното лизгалиште на плоштадот „Магнолија“ во Битола, како што во петокот најавија и градоначалникот Тони Коњановски и директорот на „Паркинзи“, Зоран Михајловски.
Просторот на плоштадот ќе биде привремено адаптиран, па тие замолија за трпение и разбирање додека се создава оваа празнична атракција која ќе донесе радост и возбуда за сите генерации.
Беше кажано дека за првпат, Битола добива професионално лизгалиште – место каде што децата ќе ги прават првите чекори на мраз, младите ќе уживаат во дружби, а возрасните ќе се потсетат на радоста на празниците.
Оваа нова атракција е дел од Зимската приказна, а се очекува да стартува со работа од петок 20-ти декември.
Годинава општината очекува Зимската приказна да биде посететна и од граѓани од други градови на Македонија, како и туристи од соседните земји.











