До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно со локален пороен дожд и појава на грмежи.
Во Битола денеска дневната температута се искачи до 19 степен.
Утре променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Битола до 17.
В понеделник облачно време со врнежи од дожд.












