Утрово најстудено со -5 степени беше Берово, -4 Битола, Штип, -3 Велес, Скопје-Петровец, Тетово, Струмица, -2 Прилеп, Демир Капија, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, -1 Крива Паланка, Куманово, Гевгелија, Дебар, Маврови Анови, 0 Охрид, Претор, 1 Виница, Крушево, 2 Попова Шапка.
Наутро и претпладне по котлините со појава на магла која во средината на денот ќе ослаби.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100м. има на патните правци Скопје – Куманово, Скопје – Велес и Велес – Неготино, од 70 – 100м. на патниот правец Неготино – Д.Капија и до 100м. на патниот правец Прилеп – М.Брод – Кичево.











