Утрово 6 степени во Берово, 9 Попова Шапка, Лазарополе, 10 Маврови Анови, 11 Битола, 12 Скопје-Петровец, Тетово, Крушево, Претор, Прилеп, Струмица, Крива Паланка, 13 Охрид, 14 Демир Капија, 15 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Штип, Кавадарци, Гевгелија, 16 Виница.
Во текот на ноќта облачноста се намали и утринава претежно на североистокот има мала локална облачност. Понекаде дуваше слаб претежно североисточен ветер.
Наутро ќе биде свежо, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. Во Битола до 28 степени.












