ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО -4 ВО БИТОЛА, ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ ДО 11 СТЕПЕНИ

Утрово -6 степени на Попова Шапка, -5 Маврови Анови, -4 Битола, Крива Паланка, Крушево, Берово, -3  Претор, Тетово, -2 Прилеп, Охрид, -1 Струмица, Виница, 0 Штип, 1 Скопје-Петровец, 2 Скопје-Зајчев Рид, 3 Кавадарци, Демир Капија,  4 Дојран, 5 Велес, 6 Гевгелија.

Во текот на ноќта времето беше ведро, а изутринава е сончево со слаб до умерен северен ветер.

Времето денеска претежно сончево со слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени. Во Битола до 11 степени.