ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО -6 СТЕПЕНИ, ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ ВО БИТОЛА ДО 8 СТЕПЕНИ

Утрово најстудени грaдови со -6 степени беа Берово и Битола, -4 Дебар, -3 Тетово, Прилеп, -2 Охрид,  Претор, Струмица, Демир Капија, -1 Маврови Анови, 0 Штип, Крива Паланка, Велес, Гевгелија, Кавадарци, Скопје-Петровец, 1 Крушево, Виница, Куманово, Скопје-Зајчев Рид, 6 Дојран.

Висината на снежната покрива е 16 см во Маврови Анови, 14 Дебар, 11 Битола, 10 Берово, 8 Ѓуриште, Крушево, Попова Шапка, 4 Тетово, Охрид, 2 Демир Капија.

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно со слаб до умерен претежно северен ветер. Изутринава е умерено до значително облачно. Дува слаб до умерен ветер со променлив правец.

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините краткотрајно и локално ќе провејува снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени.