Утрово најстудено со -11 степени беше во Берово, -8 Крива Паланка, Маврови Анови, -7 Попова Шапка, Битола, -6 Крушево, Скопје-Петровец, Штип, Велес, Прилеп, -4 Кавадарци, Виница, Скопје-Зајчев Рид, -3 Охрид, Претор, -2 Гевгелија, Струмица.
Времето денеска студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени. Во Битола до 8 степени.











