Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 3 часот и 59 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, со Рихтерова локална магнитуда, 2.4 степени.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.











