Битолскиот дувачки оркестар синоќа во Центарот за култура музички ја раздрма Битола. Беа изведени најпознатите музички теми од најпознатите филмови во изведба на БИГ БЕНДот. Па така публиката уживаше во темите од Star Wars, Rocky, The Blues Brothers и многу други.

Возобновен во 2015 год, оркестарот веќе осум години, ја слави традицијата на овој тип на музицирање во Битола. Реактивирањето на Битолскиот дувачки оркестар беше на иницијатива на професорот Марјан Бакревски .
Со овој проект патуваат и надвор од државата, па така го презентираа истиот и во Бугарија, каде како солист настапи Стефан Тасевски.

Претходно го презентираа и проектот со музиката од цртаните филмови, а веќе подготвуваат нешто ново.
Концертот беше реализиран со поддршка од Министерство за култура.












