ТЕРА

REKLAMA???

ФОРМИРАНИ ЦЕНТРАЛНИТЕ ПАРТИСКИ ТИМОВИ ЗАДОЛЖЕНИ ЗА СЕКОЈА ОПШТИНА

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска вели дека акцијата „Рамо до рамо“ со граѓаните е одлика на СДСМ и така продолжуваат со нови теренски активности.

„На работен состанок на раководството на партија со координаторите и членовите на централните тимови беше претставен планот за активности кои следуваат на терен, со граѓаните.

Се формираа и централните партиски тимови, задолжени за секоја општина.

Шест централни тимови распоредено според изборните единици заедно со општинските организации на СДСМ и со граѓаните ќе работат на решавање на детектираните потреби или укажани проблеми“ вели потпретедателката Костадиновска-Стојчевска.