ТЕРА

REKLAMA???

ХАКАТОН КЛИМАТОН 3, ВО БИТОЛА

Факултетот за информатички и комуникациски технологии ( ФИКТ ) денеска беше домаќин и коорганизатор на третиот државен Климатон – дводневен хакатон, настан со кој се поттикнуваат иновации кои вклучуваат и знаење и технологија.

Велат тој што измислил решение за нешто што никој не мислел дека е проблем е генијалец. Потенцијални иноватори има овие два дена во градот. На ФИКТ учествуваат во Климатон – организирано заедничко креирање на решенија за одреднеи состојби во опште4ството за кои досега нема понудено квалитетни или барем функционални, па решенија.  Посветен е на идеи и решенија кои ги поврзуваат климатските промени и секојдневието на човештвото. Првпат се одржува во Битола, трет е по ред.

„Учесниците работат веќе на нивните бизнис идеи, на решенијата чијашто цел е да понудат проект односно решение со кое ќе се намалат климатските промени секако и ќе се овозможи заштита на планетата Земја. “

Учесниците имаат неколку сесии на изложуавње на идеите, разработка на бизнис план, нивна презентација и оценка. Идеите секогаш доаѓаат од сопственото искуство, сопственито однос кон стварите и материјалната реалност. Такви се идеите во својот зачеток за кои зборуваат учесниците

Живка Танушева е ментор на Климатоно од текстилната струка. Текстилниот отпад е најголем, вели, а нивната идеја има цел да го намали. Ана Трајковска ни ја претстави идејата за развиваање на апликација којшто ќе овозможи продажба на стара облека. Сања Лазаревска , ментор, доаѓа од реалниот сектор – го има искуството на работа со иновација, биоразградливи хулахопки. Ни рече, ќе го пренесе сопственото искуство за  идните претприемачи да не ги врват „бебешките болести“. Групата на Христијан Захарчев ја разработуваше идејата за стимулирање на луѓето да се вртат кон циркуларната економија, а Сузана Трајковска, ментор на Климатон со искуство во работа со социјални претпријатија, рече дека ваквите собири се вистинска можност за развој на социјалните претпријатија.

Климатонот е во организација на ЦЕЕД ХАБ , Фондацијата Отворено Општество, Општина Битола и како и во рамки на претходните два, иницира соработка во осмислувањето на начини и методологија за понудените решенија.

Ѓорѓи  Кушевски, директор на ЦЕЕД Хаб – „Работата не завршува во овие два дена, туку имаме награда од 6.000 долари со коишто победничката идеја треба да реализираме во пракса. Да покажеме дека тоа ( идејата ) може навистина да функционира. Некогаш имаме изработка само на прототип доколку се браат поголеми средства , но важно е да се знае дека победникот и на овој Климатон продолжува да работи со нас во наредните два месеца. “

Од претходниот Климатон во моментв се работи на концепт хербариум кој истовремено го прочистува воздухот

„..И идејата е комерцијализирана, да изгледа како еден убав украс во нашата просторија, а во исто време овие растенија го прочистуваат воздухот. Работат студенти на машински факултет интензивно на тоа , така што многу бргу ќе го имаме направено.“ – рече Кушевски.

Побаравме оценка од деканот дали ваквиот пристап придонесува за развој на иновациите, особено кога еколошкиот аспект подразбира повторно користење, а тоа пак ја подразбира т.н циркуларна економија.

„Без информатичката и комуникациската технологија многу е тешко да се пренесат знаењата и сведоци сме токму иденеска има околу 50 учесници организирани во 10 тимови, кои со своите иновации , работат со своите иновативни идеи, експериментираат и се надевам дека до крајотн на утрешниот ден ќе понудат интересни, одржливи иновативни бизнис планови кои комисијата, жирито ќе ги оцени и ќе додели награди.“ – рече деканот Ристевски.

Според зборовите на Сузана Трајковска, ваквите настани се добри за развивање на идеи за социјалните претрпијатија, во Македонија 60-тина од кои 20 активно функционираат во последните десет години.