ТЕРА

REKLAMA???

ЦИКЛОНОТ „ЧИДО“ ГО ЗАФАТИ МАЈОТ, ИЛЈАДНИЦИ ЖРТВИ

Извештаите од Мајоте по циклонот Чидо, кој го погоди островот во саботата, се шокантни, пишува CNN. 

Циклонот, најсилен во последните 100 години, предизвика огромна штета, а многумина го споредуваат ефектот со атомска бомба. Според локалните власти, бројот на жртви може да биде во стотици или илјадници, бидејќи многу од населбите се потполно уништени.

„Се изгуби сè. Се чини како да на Мајоте паднала атомска бомба“, изјави Бруно Гарсија, сопственик на хотел во Мамуџу.

Околу две третини од островот се недостапни, а големи потешкотии во пребарувањето и спасувањето создаваат неформалните населби во кои живеат многу недокументирани мигранти.

Бројот на жртви расте, а сè уште нема целосни информации за целокупната ситуација.

Циклонот Чидо, со ветрови над 220 км/ч, ги разурна патиштата, инфраструктурата и куќите, а многу од локалните жители, особено мигрантите, не успеаја да побегнат поради страв од депортација.

Помошта од Франција пристигнува, но многу делови од островот остануваат без комуникација и електрична енергија.

Мајоте, најсиромашниот регион на ЕУ, се соочува со сериозна хуманитарна криза по оваа катастрофа.

Фото: CNN