ТЕРА

REKLAMA???

ЧЕТВОРИЦА ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО РУДНИК ВО ПОЛСКА

Во експлозии на метан во рудник за јаглен во јужна Полска загинаа четири лица, 19 се повредени, а седум се водат како исчезнати, соопштија денеска властите.

Експлозиите се случиле на околу илјада метри под површината во рудникот Пњовек во Павловице.

Медиумите јавуваат дека поради пожарот и потребата да се заштитат спасувачите, морала да биде прекината итната спасувачка операција со 13 спасувачки единици.