Eвропските пари не поминаа за договорот за седумте улици, односно за водоводна и канализациона мрежа. Но, поминаа еден куп политички препукувања, особено сега пред избори. Бојкоски ја искористи изјавата од пред некое време на Филипче, за да му објасни на колегите од левата страна зошто тие се против, оти тој реагираше за како што рече тогаш соработка на советници од СДСМ со градоначалници од ВМРО ДПМНЕ.

Захариевска-Ралевска возврати дека немало потреба тоа на Филипче да му се кажувало.
За советничката Ѓоргиевска се што кажала владата на ВМРО ДПМНЕ било точно и вистинито и им кажа кој ќе победи во октомври.

Захариевска-Ралевска со контрареплика да не бидела толку сигурна.
Бојкоски не додржа да и каже на Захариевска- Ралевска дека сега прашува за каматната стапка, а не тогаш кога владата на СДСМ го зела крдитот, оттука заклучува дека СДСМ се обидува да ја замајува јавноста.
И така траеше таа седница едно попладне, не беше долга, но како концентрацијата да попушташе, па галеријата горе често имаше различни не гости оти таа е за гостите, туку советниците кои најверојано се раздвижуват. Седни, стани, замини, врати се, излези- влези и ткн.

А, од надвор стигнуваат пораки, како „афтер парти“ седница. Така советникот и коориднатор на СДСМ, Николовски ќе се обрати преку својот фејзубк профил дека не се лаже народ што ја сака Битола, колку повеќе паника – толку повеќе грешки, колку повеќе шминка – толку помалку суштина, дојде време за одговорност и ткн.

Бојкоски им порачува да се фателе за една гума да не се удават и пишува дека СДСМ треба да си најдат кандидат за градоначалник кој ќе изгуби на изборитe.

А, ова е недела кога СДСМ се очекува да го соопшти првиот бран на кандидати за градоначалници. Ако за Битола за ВМРО ДПМНЕ се знае, некои велат очекувано е дека во првиот бран и СДСМ треба да сооопшти и за Битола, но кај политиката 2 и 2 не се секогаш 4.

Потпретседателот на СДСM, Илиевски од како што вели славната Дебарца со порака: „Во пресрет на локалните избори каде сите сме пред важен потег, дополнително ми дава мотивација што кај овие луѓе генот за борба не се изгубил“.












