Македонскиот ракометен тренер Борче Марковски продолжува со успеси на Фарски Острови. Имено, откако минатата сезона имаше забележителни успеси со женска екипа од северот на Европа, годинава блеска и со новиот предизвик со машка екипа.
Во ноември Марковски го презеде Клаксвик и клубот постави цел да се пласира меѓу четирите најдобри екипи или во полуфиналето на плеј-офот. Со победата против директниот конкурент КИФ на гостински терен со 21-22, целта е остварена многу порано од очекуваното.
Младиот битолчанец остава силни траги во оваа мала земја, која рапидно напредува во светот на ракометот и во иднина се гледа во ракометот на Фарски острови.












