ТЕРА

REKLAMA???

ВАРДАР Е ПОБЕДНИК ВО СУПЕР КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Ракометарите на Вардар 1961 се радуваа на трофејот во Суперкупот на Македонија, откако вечерва во Струмица, го добија дербито против Еурофарм Пелистер со 26-30 (13-13). 

За ракометарите на Вардар освоениот трофеј во Струмица беше втор пред стартот на првенството, откако во август го освоија и трофејот на Струшкиот турнир.

Петриќ со седум гола и Томовски со седум одбрани беа предводници во тимот на РК Вардар 1961. Исто така, Срдановиќ постигна осум гола, од кои шест од седмерец.

Седум гола постигна Радивојевиќ кај Еурофарм Пелистер.