Вечерва од 19 часот во Центарот за култура во Битола ќе се одржи вториот по ред „Паљо Класик“.
Меѓународниот турнир во боди-билдинг ќе ги донесе во Битола најдобрите македонски натпреварувачи во боди-билдинг, а пријавени се и гости од многу европски земји.

Организаторот Зоран Лазаревски-Палјо вели дека овој натпревар ќе биде десет пати подобар од минатогодишниот и вети големи имиња на сцената.

За вечерашниот настан билети може да набават на билетарницата на Центарот за култура од 15 часот до почетокот на натпреварот.













